Македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа во САД

Четириесет и едногодишна македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа што се случила во Нешвил, Тенеси. Во автомобилот со неа биле нејзиниот сопруг и трите деца кои ја преживеале несреќата.

Загинатата и нејзиниот сопруг се по потекло од Струмица, а повеќе од 10 години живееле во Чикаго.

Според американските медиуми, до несреќата дошло кога автомобилот со кој се превезувало семејството излетал од патот.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели