Македонец предизвикал трагедија во Италија: Тој и уште пет лица загинале (ФОТО)

Nell'infografica realizzata da Centimetri la localizzazione e la dinamica dell'incidente avvenuto sulla A21 in cui sono morte 6 persone. ANSA/CENTIMETRI

Камионџија од Македонија, иселеник кој живее во регионот Пијемонт во Италија, предизвикал сообраќајна несреќа во која загинал тој и уште пет други лица, меѓу кои и две деца, пишуваат италијанските медиуми.

Тој со камионот во кој превезувал житарици удрил во автомобилот што пред него, а потоа автомобилот удрил во цистерна. При ударот, цистерната се излеала и се запалила. Се запалило и возилото, а петмината кои се наоѓале во автомобилот и македонскиот камионџија загинале, пишуваат италијанските медиуми.

Сите загинале на лице место, освен возачот на цистерната.

– Телата се пеплосани, непрепознатливи се. Префрлени се во Бреша за да се изврши обдукција во судската медицина – изјавиле од италијанскиот суд.

Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, петмината кои се наоѓале во автомобилот всушност биле семејство од Франција и меѓу нив имало и две деца.

– Бевме во движење, ме удрија и веднаш го напуштив камионот, на време – изјавил шоферот на цистерната кој е единствениот преживеан во фаталната несреќа.

Сообраќајка се случила на 2 јануари, на автопатот во блина на Бреша, втор најголем град во Ломбардија веднаш зад Милано.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели