Лавров: Присуството на проиранските сили во Сирија е легално

Присуството на проиранските сили во Сирија е врз законска основа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој истакна дека на неодамнешните разговори со американската страна не станало збор за повлекување на проиранските сили од Сирија. – Русија не вети дека ќе обезбеди повлекување на проиранските формации од Сирија, изјави Лавров.
– Ако разговараме за проиранските сили, некој ќе дојде во искушение целата сириска војска да ја нарече проиранска. И што потоа? Мораат ли и тие да се предадат? Тоа е она што го нарекуваме „пусти соништа“, изјави шефот на руската дипломатија.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели