Лавров не ја сфаќа одлуката на Трамп за Ерусалим

Американската дипломатија со признавањето на Ерусалим како престолнина на Израел ја влоши состојбата на Блискиот Исток, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на конференција во Виена, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ.
„Го прашав американскиот државен секретар Рекс Тилерсон која е логиката зад овој потег кој е надвор  здравиот разум“, истакнал Лавров.
Одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел предизвика во четвртокот нови тензии на Блискиот Исток. Хамас повика на ново палестинско востание, Хезболах ја нарече одлуката „Смрт за Америка“, а ирачките екстремисти тврдат дека американските војници сега се легитимна цел на напади.
Денеска во Истанбул, Иран и во други делови на Азија илјадници луѓе протестираа против одлуката на Трамп. Во Израел дојде до насилни судири меѓу Палестинците и полицијата.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели