Латас и адвокатката не сакаат да бидат снимани во судницата

По барање на адвокатката на новинарот и уредник Драган Павловиќ – Латас, судот не дозволи снимателите во судницата да направат инсерти, иако имаа уредна дозвола.
Судијката Софче Гаврилова Ефремова одлучи да им го одобри барањето, со што беше дозволено снимање само на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство.
Драган Павловиќ – Латас е осомничен во случајот „Тотал“ за даночно затајување во период од 2008 до 2015 година. Според обвинувањето во овој период, тој одбегнал плаќање данок во вредност од околу 180 илјади евра.
В. М.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели