Куче искаса деца и жени во Аеродром

Куче искаса две жени на возраст од 40-тина години и четири деца на возраст од 10 до 14 години во скопската населба Аеродром. Инцидентот се случил вчеравечер околу 21 часот.
Според информациите на полицијата, шест луѓе вчера пријавиле дека биле нападнати од куче на подрачјето на Аеродром, помеѓу булеварите Јане Сандански и АСНОМ. Неофицијално, нападот го извршило исто куче, а засега не се знае дали се работи за куче скитник или, пак, за домашен миленик.
За случајот е известена шинтерската служба.
Тодор Петров на својот профил на Фејсбук објави дека бил очевидец на немилиот настан. Според него, жените и децата ги нападнал ротвајлер.
„Од 20.15 до 20.50 бев сведок на крвава драма. Никому да не му се повтори. Од зграда во паркот кај игралиштето во Ново Лисиче, карши паркот со авионот, немоќно гледав како ротвајлер се бореше со две деца на 7-8 годишна возраст и една возрасна жена која се тркалаше в трева за да ги одбрани. Викав наглас немоќно од зградата за спас на децата. Уште ми одекнува во ушите врисокот и плачот на децата. Жената го задржа цврсто кучето, децата избегаа накај булевар АСНОМ, ѝ се отпушти од раце ротвајлерот, повторно се стрча по децата. Децата се измешаа барајќи помош во една група поголеми деца кои играа кошарка под кошот меѓу зградите. Ротвајлерот повторно ги нападна двете деца кои претходно беа искасани во паркот. Во општата брканица целата група деца беше искасана од здивеното куче од кое никој не можеше да се одбрани. Натрчаа повозрасни од зградите, го удираа кучето за да ослободи нечија рака или нога прегризена. Повеќето се сокрија во влезот на околните згради…“, напиша Петров.

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели