Крцкав Фереро Роше колач полн со чоколадо

Кога ќе прочитате Фереро Роше, веќе го имате чоколадниот, крцкав вкус во уста, како кога ги јадете омилените топчиња.

krckav-ferero-roshe-kolac-poln-so-cokolado-001.jpg

Но, што ако ви кажеме дека сами можете да го подготвите идентичниот вкус, само во облик на колач?

Ви треба нешто помалку од 1 час и следниве состојки:

За кора:

  • 100g путер
  • 100g шеќер во прав
  • 4 јајца
  • 130g црно чоколадо со над 50% какао
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 70g брашно
  • Прстофат сол
  • 70ml слатка павлака
  • 130ml млеко

За крем

  • 400g Нутела
  • 400g крем сирење
  • 250g сечкани лешници
  • 100g изронети наполитанки

За глазура:

  • 200g црно чоколадо
  • 200ml слатка павлака

Подготовка:

Со миксер изматете го шеќерот со путерот, а чоколадото стопете го на пареа.

Во путерот додадете ги 4-те жолчки, една по една, изладеното чоколадо и ванилиниот шеќер.

Брашното измешајте го со прашокот за печиво, па додадете го во смесата со лесно мешање. Додадете ја и слатката павлака, млекото и на крај белките кои ќе ги изматите како пена.

Во една тава распоредете ја смесата и печете ја кората на 180 степени околу 30 минути. Изладете ја кората и пресечете ја на два еднакви дела.

За кремот измиксирајте го крем сирењето со Нутелата, сечканите лешници и издробените наполитанки. Филувајте ја едната кора, па покријте со втората.

Чоколадото за глазурата истопете го на пареа и измешајте го со слатката павлака. Прелијте преку колачот.

Декорирајте по желба со уште лешници или рендано чоколадо.

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели