Креативна мајка го одбележува секој месец од првата година на ќеркичката со забавни фотографии

Секоја нова мајка обожава да го фотографира своето бебе и сѐ што новороденчето прави изгледа вредно за документирање. Сепак, некои жени имаат поинаков пристап од останатите.

Рози Максхајмер е млада мајка која вели дека мајчинството ѝ е главна преокупација, а сѐ останато доаѓа по него. Освен што е многу креативна, вешта е и со конец, игла, материјали и стара облека. Токму овој свој талент, Рози го искористила за да го одбележи секој месец од првата година на својата ќеркичка со уникатна фотографија.

Таа самостојно и во домашни услови изработува позадини врз кои го фотографира девојчето. Секоја фотографија означува одделно случување од првата година на ќеркичката, како на пример првото заедничко одење на плажа, првата посета на Тексас, од каде што потекнува сопругот на Рози, првиот Божиќ итн.

Рози вели дека ваквиот проект се покажал како многу корисен за дружењето и поврзувањето со нејзината ќерка. „За кратко време сфатив дека и двете многу се забавуваме. Имав каде да ја насочам креативноста, а таа сметаше дека е многу смешно тоа што скокав околу неа и имитирав звуци од различни животни за да ја насмеам“ – раскажува Рози.

Погледнете ги дванаесетте фотографии на оваа креативна мајка и нејзината фотогенична ќеркичка:

Рози моментално го очекува своето второ дете. Таа ја соопшти веста за својата втора бременост преку уште една забавна фотографија од својата ќеркичка. На фотографијата, до насмеаното девојче стои табличка со натписот „Унапредена сум!“ и книги со наслов „Јас сум постара сестра“.

Извор – http://www.femina.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели