Контрадикторни одлуки донесени на двата состаноци на „Беса“

Иста партија, состанок на централен одбор, но две локации. Очигледно дека во Движење Беса внатрепартиските односи се влошени.

Откако имаше најави дека состанокот на централниот одбор ќе се одржи во Тетово, не помина долго, стигна нова најава за состанок во Скопје. За ТВ21, Андуш Демири, одговорен за односи со јавност од оваа партија вели дека Централниот одбор одржал состанок во Тетово и дека нема никакви информации за состанокот во Скопје.

Инаку, оваа партија на денешниот состанок донесе одлука првиот партиски конгрес да се одржи на 24 февруари.

Донесена е одлука да се формира Комисија за организирање на Конгресот, а договорено е Билал Касами да остане на челната позиција до конгресот.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели