Консултации за ново студентско организирање во  Битола

 

 

Во Инфо клубот на Правниот факултет во Битола студентите по втор пат студентите имаа шанса да ги споделат своите ставови и мислења за студентското  организирање и студентските парламенти. Студентите сметаат дека ова е важно кога се зннајавени измените во законот за високо образование.

 

Консултации за ново студентско организирање во Битола , се одржа денеска  во Инфо клубот на правниот факултет на битолскиот универзитет. Ова е втора од четирите консултации што ги организира Младинскиот образовен форум, за кои студентите сметаат дека се од големо значење во пресрет на измените на Законоит за вис0око образование.

Студентите денеска имаа можност да ги изнесат  своите ставови за студентските парламенти, финансирањето на студентското организирање, студентските правобранители и разликите меѓу универзитетите за кои треба да се најде решение преку Законот за високо образование.

„Се надевам дека ќе имаме Закон за високо образование кој ќе ги среди досегашните проблеми со студентското организирање а истиот ќе биде креиран во соработка со студентите и студентските организации“ вели Александра Филипова од Младински образовен форум.“

 „Студентското организирање треба да се води по принципот „од студентите, за студентите“ бидејќи тие најдобро ги знаат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат. вели Никола Петровски од Националниот младински совет на Македонија.

 Студентското организирање е еден од механизмите за вклучување на студентите за време на нивните студии и тоа треба да се адаптира на денешните потреби на студентите додава Петровски .

 Покрај јавните консултации одржани во Штип и Битола, планирани се консултации во Скопје и Тетово кои ќе се реализираат до крајот на овој месец. По консултациите ќе се изработи документ кој ќе ги содржи сите препораки од настаните и ќе биде презентиран на Министерството за образование и наука, пратеници, Агенција за млади и спорт, младински и студентски организации и останати чинители.

 

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели