Конференција на началниците на ГШ на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба

А-5 земјите ќе работат на проширување на соработката за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедност на Алијансата. Тоа ќе биде главната тема на Конференцијата на началниците на генералшатабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба која во четврток, 9 ноември, ќе се одржи во Скопје.
На конференцијата се очекува да се разговара за соработката меѓу членките од Јадранската повелба за интеграција во НАТО како и за придонесот на А-5 групата за безбедноста на Алијансата.
Учество на оваа конференција ќе земат началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и заменик на командантот на командата на армијата на САД за Европа генерал потполковник Тимоти Реј, како и началниците на армиите на восјките на Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина како членки на А-5 греупата, од земјите набљудувачи, Словенија, Србија и Косово и претставници од осум национални гарди од САД, кои се партнери на земјите од А-5.
Како што информираа денеска од АРМ, медиумите покрај отворањето на конференцијата во 9 часот ќе можат да проследат изјави по потпишувањето на заедничката изјава во 14:30 часот.
Договорот за формирање на САД-Јадранската повелба, официјално е потпишан во 2003 година, со кој покрај САД како покровител, Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната. Во 2008 година, на оваа иницијатива се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора, а средбите во формат началници на генералштабови на армиите се одржуваат еднаш годишно, на кои се разгледуваат прашања од областа на военото образование, воено-техничката соработка, операциите за поддршка на мирот и други актуелни теми од областа на одбраната и безбедноста.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели