Кој ќе даде 18 илјади денари плата, Владата ќе го помогне со 20%

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната прес конференција во Владата претставувајќи го буџетот за 2018 година рече дека е тоа најреформски буџет.
Анѓушев рече дека за 91% се скратени непродуктивните трошоци за роуд шоуа и маркетинг кампањи. Исто така тој потенцираше, дека ќе стимулираат работодавачи кои ќе даваат плата над 18 илјади денари а доддека, под тој износ фирмите нема да имаат помош од државата.
Според него, странските и домашните инвеститори ќе бидат изедначени.
„За нас сите инвеститори се еднакви“, рече тој.
Владата на серија прес конференции следните денови ќе го образложува буџетот за идната година. Анѓушев очекува 80% реализација на капиталните инвестиции.
Државната каса в година ќе тежи приближно 3,4 милијарди евра, растот на економијата е проектиран на 3,2%
и дефицит од 2,7%. (В.М)
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели