Кои се вашите карактеристики според месецот во кој сте родени?

Секој човек е различен и има нешто по што се разликува од останатите, но благодарение на хороскопот многупати сме виделе дека во зависност од знакот, луѓето имаат нешто заедничко.

kakva-lichnost-ste-spored-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-01.jpg

Овојпат, нема да зборуваме за хороскопските знаци, туку за месецот во кои сте родени и што кажува тоа за вас.

Можеби ќе се изненадите, но месецот на раѓање може да открие многу за вашиот карактер.

Дознајте каква личност сте според месецот во кои сте родени:

Јануари

Амбициозни сте и сакате да критикувате, но работите напорно и се трудите да бидете продуктивни. Паметни сте, организирани и лојални, а обожавате да ве учат и да учите некого. Чувствителни сте и размислувате длабоко, а добро знаете како да ги усреќите другите. Иако сте романтични, имате потешкотии да искажете љубов.

Февруари

Интелигентни сте и досетливи, но често знаете да го менувате однесувањето. Што се однесува до изгледот, секогаш сте атрактивни и секси. Амбицијата ви ги остварува сите соништа и надежи. Иако темпераментноста преовладува, сепак сте тивки и срамежливи и можете лесно да останете повредени. Брзо се лутите, но не секогаш го покажувате тоа благодарение на тврдоглавоста.

Март

Природно сте искрени и љубезни, атрактивни, секси и влијателни. Сакате мир и спокојство, но лесно се лутите и имате потреба за одмазда. Сакате да им угодувате на останатите, но го сакате и нивното внимание. Обожавате патувања и знаете да потонете во сопствените фантазии. Тешко носите одлука при бирање партнери, но сакате уникатност.

Април

Активни сте и динамични, имате силна психа и обожавате да привлекувате внимание. Пријателски сте настроени речиси секогаш и сакате да ги решавате проблемите на другите луѓе. Храбри сте и најчесто бестрашни, обожавате авантури, а најмногу од сѐ сте емотивни. Атрактивни сте и знаете како да го заведете партнерот на посебен начин.

Мај

Ги привлекувате другите со вашиот изглед, но и со вашите внатрешни квалитети и вредности. Имате длабоки чувства, силна волја и секогаш сте мотивирани. Лесно се лутите, тврдоглави сте и не сакате да се затворате дома. Обожавате да сонувате и да патувате, ја сакате уметноста и вредно си ја завршувате работата.

Јуни

Секогаш сте културни и имате манири, чувствителни сте и имате многу идеи и долгорочна визија. Го сакате најдоброто за себе, темпераментни сте и знаете да ги засмејувате другите. Зборувањето ви е силна страна и брзо стекнувате пријатели. Лесно ви здосадуваат работите и лесно можете да бидете повредени, а тешко се опоравувате.

kakva-lichnost-ste-spored-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-02.jpg

Јули

Искрени сте и се грижите за чувствата на луѓето. Друштвени сте и сите сакаат да бидат во ваша близина, а вие сте горди на тоа. често менувате расположение и лесно може да ве повредат. Простувате, но никогаш не заборавате, иако не сакате одмазда. Сакате да бидете сами во тишина и ретко барате нови пријатели, но обожавате да бидете сакани.

Август

Атрактивни сте, храбри и немате стравови. Премногу сте дарежливи, но понекогаш и егоистични. Имате лидерски способности, сакате да се шегувате и размислувате брзо, но лесно се лутите и станувате љубоморни. Уметничка и романтична душа која обожава да сонува, се грижи за сите и сака да стекнува пријателства.

Септември

Грижливи сте, организирани и сакате да им укажувате на луѓето за нивните грешки и да ги критикувате. Смирени сте и лојални, но не секогаш искрени. Самоуверени и тврдоглави личности со добра меморија и знаење. Имате самомотивирачки способности и разбирање, но тешко покажувате емоции и сте пребирливи во врските.

Октомври

Зрачите со внатрешна и надворешна убавина, но често знаете да се налутите. Пријателите ви се многу важни, иако понекогаш знаете да излажете, но никогаш не се преправате. Лесно може да ве повредат, но исто толку лесно се опоравувате. Не ви е важно што мислат другите, сакате да сонувате и да патувате и обожавате деца. Но, љубоморни сте и лесно губите доверба.

Ноември

Уникатни сте и зрачите со брилијантност, а идеите ви се единствени. Имате динамичен карактер, но сте таинствени. Храброста ви е силна страна, исто како и тврдоглавоста. Одлучни сте, посветени и никогаш не се откажувате. Тешко се лутите, освен ако не ве испровоцираат, а имате длабоки чувства кои тешко ги контролирате и сте непредвидливи.

Декември

Нетрпеливи сте и често избрзувате со одлуките. Лојалноста ви е силна страна, исто како и амбициозноста и искреноста. Никогаш не се преправате, но знаете да го менувате својот карактер. Мразите рестрикции, сакате да се дружите, имате добра смисла за хумор и обожавате да се шегувате. Не сте егоистични, но се цените себеси и сакате кога ве фалат и сте во центар на внимание.

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели