Коалиција О2: Жителите на Македонија не се четири пати поотпорни на аерозагадувањето од европските

„Во секој момент, на седницa на Владата, очекуваме да биде разгледан и усвоен ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРАГОВИТЕ НА ИНФОРМИРАЊЕ И АЛАРМИРАЊЕ ЗА PM10.
Во недостаток на мерки кои ќе владеат во тек на целата критична, грејна сезона, првенствено за Скопје, од 15 октомври до 15 април, сметаме дека единствено нешто што останува како некаква можност за реагирање од страна на локалната власт и ЗАДОЛЖИТЕЛНО спроведување на КРАТКОРОЧНИТЕ МЕРКИ се токму Праговите на информирање и алармирање за PM10.
Примарната функција на праговите е заштитна, а безбедно ниво на PM10 нема. Затоа, неопходно е алармантната состојба да биде прогласена соодветно реалноста и опасностите по здравјето по секој жител, а не соодветно избегнување на бројот на уклучувања на тој аларм. Ако град Скопје не може да донесе сет мерки кои ќе важат во тек на целата грејна сезона, тогаш прагот ќе мора да ја отсликува реалноста на загадувањето со PM10, а не да ја избегнува истата.
Како граѓани на едни од најзагадените градови во Европа, во нашето барање доставено и до Владата на РМ, а според препораките на СЗО, ЕЕА и по подобрите европски примери очекуваме:
– Прагот на информирање за PM10 честиците да биде 50 μg/m3, а никако повисок од 75 μg/m3, два дена последователно.
– Прагот на алармирање да биде поставен на 70 μg/m3, но не повисок од 100 μg/m3, два дена последователно.
– никакви дополнителни услови да не влијаат на надминувањето на праговите!
Токму затоа, граѓанската иницијатива О2 коалиција за чист воздух, НЕ СЕ СОГЛАСУВА со предлогот на МЖСПП.
МЖСПП на 09.11.2017година на состанокот на Интерсекторската група го презентираше предлогот што треба да го усвои Владата:
– прагот на информирање да биде 100 μg/m3 два дена последователно
– прагот на алармирање 200 μg/m3 со намалување до 150 μg/m3 до 2022 година, два дена последователно.
– да бидат надминати праговите постојат допоолнителни услови и тоа:
1. овие вредности да бидат измерени на 50% од поставените мерни станици во градот
2. и добивање на прогноза за стабилна временска состојба во нареден период.“ велат од О2 Коалиција за чист воздух.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели