Клоп: Зошто да играме на Нова година кога нема да не даваат на ТВ?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, традиционално се противи за празничниот распоредот во Премиер лигата.
– Имаме многу натпревари, но најтешкото допрва доаѓа. Сакам јавно да прашам зошто никој не игра во средината на неделата во првите 7 дена од јануари? Не е јасно што би се случило ако се поместат термините неколку дена. Треба да играме на 30 декември, а потоа на 1 јануари. Лесно може да се поместат натпреварите на 2 или 3 јануари и не гледам тука проблем, изјави Клоп.
Да, традицијата е да се одигра на Нова година. Но, натпреварот со Барнли нема да биде на ТВ, никој нема да го види, зошто треба да се игра тој ден? Ова е некакво лудило, додаде германскиот стручњак.
Ливерпул на 30 декември 2017 година е домаќин на Лестер, а на 1 јануари 2018 година гостува кај Барнли. Двете средби почнуваат во 16 часот.
Фудбал во најсилната англиска лига ќе се игра и во очи Нова година. Три натпревари се закажани за 31 декември, последниот од нив е со почеток во 17:30 часот меѓу ВБА и Арсенал.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели