Кетрин Зета-Џонс гламурозна во креација од Зухаир Мурад на церемонијата на ФИФА во Лондон

Појавувањето на Кетрин Зета-Џонс на церемонијата на ФИФА во Лондон беше вистинско изненадување. 48-годишната актерка присуствуваше на годишниот спортски собир организиран од Меѓународната фудбалска федерација и ја презентираше наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол на годината.

ФИФА Кетрин Зета-ЏонсФИФА Кетрин Зета-ЏонсФИФА Кетрин Зета-ЏонсФИФА Кетрин Зета-Џонс

Велшката актерка го пренесе гламурот од холивудскиот црвен тепих на церемонијата на ФИФА, каде зачекори во долга, полупроѕирна, сребрена тоалета на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад од колекцијата есен 2017. Гламурозниот фустан кој го избра актерката е составен од чипкан горен дел и кадифено здолниште. Тоалетата со висок шлиц и еден ракав, актерката ја комбинираше со минималистички накит и сандали во боја на шампањ од познатиот дизајнер на обувки Стјуарт Вајцман.

ФИФА Кетрин Зета-ЏонсФИФА Кетрин Зета-ЏонсФИФА Кетрин Зета-Џонс

Актерката, заедно со уругвајскиот фудбалер Диего Форлан, ја додели наградата „Ференц Пушкаш“, која Меѓународната фудбалска федерација ја доделува за најдобар гол на годината. Оваа награда годинава му припадна на играчот на Арсенал Оливие Жиру, а наградатата за најдобар фудбалер за минатата сезона повторно ја понесе Кристијано Роналдо.

ФИФА Кетрин Зета-Џонс

ФИФА Кетрин Зета-Џонс

Извор – http://www.femina.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели