Ќе се менува сообраќајната студија за Битола

Еден од најгорливите проблеми е загадувањето, а меѓу причинителите е и нерегулираниот градски сообраќаен режим во Општината.

Ужасен сообраќаен режим констатира битолската градоначалничка Наташа Петровска, само кусо по седнувањето во градоначалничката фотелја и најави или ревизија или изработка на нова сообраќајна студија за градот.

Еден од најгорливите проблеми во Битола е загадувањето на амбиенталниот воздух. Меѓу другите чинители – греењето на домовите и работата на РЕК Битола, новата локална власт јавно констатира дека загадувањето на воздухот е последица и на нерегулираниот градски, односно целокупниот сообраќајен режим во Општината. Во Битола има повеќе од 30.000 регистрирани возила, што е премногу за постоечката улична инфраструктура.

Вообичаена слика во градот се „тесни грла“, застои, сообраќајни незгоди. Со воведувањето на платеното паркирање се ветуваше дека тој режим ќе донесе ред во сообраќајот, но тоа не се случи – паркинг-простор и натаму недостига. Сообраќајната мрежа во градот е мала: има само неколку главни сообраќајници, другите улици се тесни и кривулести, без тротоари и рабници.

Повеќе читајте на slobodenpecat.mk

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели