Јелена Томашевиќ специјален гостин на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Скопје

На концертот на Жељко Јоксимовиќ в сабота во Вип Арената Борис Трајковски во Скопје, публиката може да очекува добра забава и многу изненадувања, а едно од нив е српската поп дива – Јелена Томашевиќ, како ексклузивен гостин на концертот.
Според организаторите на концертот, Прагма Продукција, останати се уште мал дел билети, а поради огромниот интерес во продажба дополнително се пуштени М блоковите (М7, М8 и М9).
Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели