Израелскиот претседател ја поздрави одлуката на Трамп за Ерусалим

Израелскиот претседател Реувен Ревлин ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел и да ја премести таму американската амбасада.
„Му честитам на претседателот Доналд Трамп на неговата најава за американско признавање на Ерусалим за главен град на Израел и на очекуваниот чекор за преместување на амбасадата. Нема посоодветен или поубав подарок во пресрет на 70-годишнината од независноста на дражавата Израел“, наведе Ревлин. Тој оцени дека овој чекор претставува признавање на „правото на еврејскиот народ на сопствена земја и пресвртница на нашиот пат кон мирот – мир за сите жители на Ерусалим и за целиот регион“.
Според Ревлин, Ерусалим не е, и никогаш нема да биде, пречка за мир за оние кои сакаат мир.
Време е Ерусалим да биде признат за главен град на Израел, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Денешната објава, според него, го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и палестинците. Во 1995 година, Конгресот усвои акт со кој се побара федералните власти да ја преместат Амбасадата во Ерусалим и да го признаат тој град за престолнина на Израел. Овој акт беше усвоен со големо мнозинство.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели