Изложба за страдањата на бегалците од воените зони во Мала станица

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и LEGIS ќе организираат изложба која ќе биде отворена од денеска до 29 ноември, во просториите на Мала станица, во рамките на проектот „Мала соба“. На изложбата се претставува двегодишното искуство со бегалците кои потекнуваат од воените зони што се движат од Турција и Африка до Балкан и до Централна и Северна Европа.
Проектот „Мала Соба“ има за цел да ја информира и да ја подигне свеста на јавноста за проблемот со бегалците фокусирајќи се на неговите повеќекратни димензии: големината на оваа хуманитарна драма, моќта на солидарноста, заканата од неконтролираното дејствување на нелегалните групи за трговија со луѓе и нивното негативно влијание врз европскиот азил, итната потреба од дејствување на европските власти, активирање на рефлексите на европските граѓани, активно учеството на младите луѓе, како и универзитетските институции низ цела Европа.
Отворањето на изложбата ќе се одржи денеска во 18 часот во просториите на Mала станица.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели