Изетбеговиќ:Тврдењата дека организирам паравоени формации се куп глупости

Тврдењата дека се организира илегална обука на паравоени формации се куп глупости, изјави членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.
Тој додаде дека планови за паравојски имаат тие што ги пласираат таквите тврдења.
Претходно претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Избетбеговиќ подготвува разни вооружени организации за напад на Република Српска по објавата на „Вечерње новости“ дека Изетбеговиќ организира обука на паравоени формации.
– Постојат разни организации кои се формираат кај муслиманите. Тоа ни е познато и за тоа имаме информации подолго врме. Не ме интересира што мисли Бакир Изетбеговиќ и ако постои вооружување, тогаш тоа е илегална структура надвор од системот, изјави Додик.
Изетбеговиќ коментирајќи ги овие тврдења рече дека тоа се еден куп глупости.
– Меѓутоа, се плашам дека тоа е неточна формулација. Мислам дека во сето тоа има план на тие, кои преку такви медиуми, пласираат такви глупости, изјави Изетбеговиќ.
– Такви работи доаѓаат од Србија и Република Српска. Тие кои се вооружуваат, кои купуваат нови авиони, кои се закануваат со дисолуција на БиХ и референдуми, кои наградуваат воени злосторници и кои ги слават воените злосторници… сакаат да има некој од другата страна кој ќе провоцира и ќе имаат оправдување за своите постапки, рече Изетбеговиќ.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели