Ирма предизвика шета од 1,2 милијарди евра на Карибите

epa06186470 Palm trees flutter due to wind and rain in San Juan, Puerto Rico, 05 September 2017. Puerto Rico is taking measures ahead of the passage of Hurricane Irma, which is on the verge of impacting the Caribbean Lesser Antilles as it reached the maximum level of category 5. EPA-EFE/Thais Llorca

Париз, 9 септември 2017 (МИА) – Штетата, која ја предизвика разорниот ураган Ирма на француските карипски острови Сен Мартен и Сен Барт се проценува на 1,2 милијарди евра, соопшти денеска француската државна осигурителна компанија, ЦЦР.

– Овој износ ја покрива штетата на куќите, возилата и фирмите, кои се осигурани во случај на природна непогода, се вели во соопштението на ЦЦР.

Ураганот Ирма на Карибите остави пустош и големи разурнувања, а одзеде и најмалку 21 човечки живот. ац/11:54

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели