ИФО: Трамп влијае негативно врз светската економија

Администрацијата на Доналд Трамп влијае негативно врз светската економија, вели извештајот на германскиот тинк-тенк ИФО.
Експертите веруваат дека владата на САД под водство на Трамп има големо влијание врз економијата на глобално ниво.
ИФО институтот собрал податоци од 929 експерти од 120 земји. Според нивните податоци 74 отсто од експертите веруваат во негативното влијание на Трамп.
Само 2,3 отсто од експертите веруваат во позитивен ефект.
Канада, Ирска и Мексико се земјите каде што администрацијата на Трамп имала најлошо влијание, а се верува дека политиките на САД лошо влијаеле на меѓународната трговија, глобална соработка, мирот и безбедноста.
Неговите закани кон Северна Кореја се причината поради која што експертите веруваат дека ги загрозил глобалната соработка, мирот и безбедноста.
Заканите на Трамп за повлекување од НАФТА (Северно-американскиот договор за слободна трговија) е исто така значаен фактор. Заштитата на животната средина, социјалната правда и здравствената заштита се исто така полиња каде што претседателот на САД е лошо оценет.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели