Хрватски такси превозник пристигнува во Србија

Хрватскиот такси превозник „Камео“ пристигнува следниот месец во Србија.

Според порталот „Франчисинг“, партнерите на компанијата „Камео“ ќе бидат исклучително самостојни претприемачи со такси лиценца, со кои ќе бидат склучени франшизни договори, а причина за тоа е што Белград го ограничил бројот на такси возилата.

Компанијата наведува дека исто како и оние кои имаат нивна франшиза, така и во Белград ќе можат да сметаат на нивна техничка поддршка, организирање кол-центар и продажба на услугите.

Исто така, „Камео“ ќе обезбеди и финансира набавка на нови возила, а за возврат ќе задржува одреден процент од работењето на примателите на франшизата.

– Компанијата обезбедува и модерен софтверски систем со ГПРС технологија, такси навигатор, кој ја олеснува комуникацијата меѓу кол-центарот, таксистите и корисниците на услугите, објаснуваат од „Камео“.

Оние кои ќе ја добијат франшизата на хрватската компанија ќе поминат низ обука во „Такси академија“, односно образовна програма која е организирана и целосно финансирана од „Камео“.

„Камео“ својата франшизна мрежа досега ја развивал во Хрватска и Словенија, каде е присутен во 30 градови, а својата работа ја започна во 2006 година во Риека.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели