Храна која треба да ја консумираат почесто оние кои работат во канцеларија

Недостатокот на движење, опасните грицки кои моментално заситуваат и постојаната работа на компјутер може да бидат сериозна закана за здравјето на секој работник во канцеларија.

hrana-koja-treba-da-ja-konsumiraat-pocesto-onie-koi-rabotat-vo-kancelarija-2-001.jpg

Затоа, од клучно значење е да консумирате барем по 1 производ од следнава листа:

1. За да го сочувате здравјето на очите

hrana-koja-treba-da-ja-konsumiraat-pocesto-onie-koi-rabotat-vo-kancelarija-1.jpg

Консумирајте производи кои се богати со омега-3 масни киселини, цинк, витамини А, Ц и Е, како на пример:

  • Зелен зеленчук
  • Јајца
  • Цитрусни овошја
  • Шумско овошје
  • Семки и јаткасти плодови
  • Масни риби како лосос, туна

2. За подобрување на имунитетот

hrana-koja-treba-da-ja-konsumiraat-pocesto-onie-koi-rabotat-vo-kancelarija-2.jpg

Канцелариите се идеално место за размножување вируси и бактерии, па затоа зајакнете го имунитетот со храна богата со витамин Ц, односно:

  • Цитрусни овошја
  • Црвени пиперки
  • Брокула
  • Лук
  • Ѓумбир
  • Киви
  • Папаја

3. За да го забрзате метаболизмот

hrana-koja-treba-da-ja-konsumiraat-pocesto-onie-koi-rabotat-vo-kancelarija-3.jpg

Бидејќи долго време сте во седечка положба, важно е почесто да консумирате храна која ја поттикнува работата на метаболизмот. На пример:

  • Морски алги
  • Кафе
  • Чај
  • Зачини
  • Мешунки
  • Месо со низок процент на масти како пилешко, мисиркино.

4. За побрза работа на мозокот

hrana-koja-treba-da-ja-konsumiraat-pocesto-onie-koi-rabotat-vo-kancelarija-4.jpg

За да го сочувате психичкото здравје, важно е да консумирате производи како:

  • Масни риби
  • Боровинки
  • Јаткасти плодови и семки
  • Храна богата со влакна
  • Сок од калинка
  • Темно чоколадо

Извор – http://www.crnobelo.com

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели