Хојт Ји: Расположението за решавање на спорот со името е на највисоко ниво

Расположението за решавање на спорот со името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение, смета високиот претставник на Стејт департментот Хојт Ји, пренесува „Гласот на Америка“. Тој тоа го истакна во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон, каде што беше кажано дека иако Македонија навидум има најмалку проблему околу мировните договори, сепак нејзината безбедност зависи од решавањето на спорот со името и влезот на земјата во НАТО.
„Има уште многу работа да се заврши, и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега“, рече Заменик-помошникот американски државен секретар, Хојт Брајан Ји
Хојт Ји, високиот претставник од Стејт департментот запрашан за неодамнешните шпекулации дека токму тој ќе биде новиот американски амбасадор од САД во Македонија, ниту потврди ниту демантираше, само кусо зад камерите рече дека се уште нема информации за можно негово назначување.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели