Хит меѓу жените: Домашен шампон од кој косата расте побрзо

Се работи за шампон кој стекна популарност благодарение на женските форуми и групи на социјални мрежи, а девојката која го откри тврди дека го дознала од нејзината фризерка.

domasen-sampon-od-koj-kosata-raste-pobrzo-001.jpg

Важно е дека се прави лесно, евтин е, а резултатите кај сите се исти – здрава и подолга коса.

За максимален ефект одлично би било да го комбинирате со домашни третмани и природни маски.

За подготовка на овој шампон потребно ви е:

  • 750ml шампон од коприва
  • АД капки
  • 100ml пантенол
  • 50ml рицинусово масло
  • 30ml капки од коприва

Сите состојки може да ги најдете во аптеките по прилично поволни цени.

Ставете ги во едно поголемо шише и промешајте. Пред секоја употреба на шампонот, добро протресете го шишето.

Потребно е нешто повеќе од месец за да ги забележите првите резултати – намален интензитет на опаѓање на косата, забрзан раст и згуснување на влакното.

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели