Харадинај: Нема да има дијалог со Србија без Америка

Владата во Приштина призна дека со претставниците на ЕУ имало проблеми околу преговорите на Косово со Србија.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека на преговарачка маса со Србија, Косово ќе седне само со посредство на САД.
„Нема да има дијалог со Србија без Америка, бидејќи до сега Косово нема добиено ниту еден резултат од преговорите Приштина – Белград“, нагласи Харадинај на седницата на Собранието на Косово на која фактички и потврди дека имал недоразбирања околу ставовите на ЕУ за Косово изречени на последната средба во Брисел со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, пренесуваат косовските медиуми.
Истите извори нагласуваат дека косовскиот премиер децидно го пренел ставот на Владата во Приштина дека отсега Косово нема да седне на маса со Србија без присуство на САД.
КМ
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели