Грешка во системот на УЈП ги казнува граѓаните со 100 евра заради наводно задоцнето доставување на ГДП

УЈП со апсурдни казни за граѓаните. Управата испраќа  записници со пресметена глоба од 100 евра за ненавремено поднесување на годишна даночна пријава, иако даночните обврзници навреме го доставиле документот. Спорно е тоа што во некои решенија дури и пишува дека пријавите се поднесени после полноќ, иако приемното време на последниот ден беше продолжено  до 20 часот.
Од УЈП велат дека  не се во можност да дадат одговор за вакви конкретни предмети. Потребно е странката да се обрати кај надлежните даночни служби за да можат да утврдат за што точно станува збор.
-Доколку одреден обврзник смета дека Годишната даночна пријава ја доставил во законски определениот рок, а Управата за јавни приходи му доставила записник за сторен прекршок, до Управата за јавни приходи – Регионална дирекција, Даночно одделение, Даночен шалтер треба да достави примерок од поднесената даночна пријава со евидентиран приемен печат односно пдф формат од електронски доставената пријава, за точно утврдување на фактичката состојба.
 Од електронски доставените Годишните даночни пријави каде точно се евидентира датум и час на прием, за 2016 година има поднесено вкупно 20 пријави после законски определениот рок 15.03.2017 година., велат од УЈП
Граѓаните кои не ги чуваат поднесените пријави, а добиле вакви решенија, сега нема да имаат доказ дека Пријавите ги доставиле до службите и ќе мора да ја платат глобата.
.
 
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Грешка во системот на УЈП ги казнува граѓаните со 100 евра заради наводно задоцнето доставување на ГДП Категорија: БизнисНовинар: Александра Десподовска

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели