Градоначалникот Георгиевски се сретна со амбасадорот Тимоние

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска имаше протоколарна средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Тој на францускиот амбасадор му ги претстави приоритетите со кои, како што рече, ќе се подобри животот на граѓаните во општината, посебно осврнувајќи се на проектите од инфраструктурата.
Тој му се заблагодарил за поддршката при реализацијата на Проектот за изградба на најсовремено музичко студио за снимање филмска музика, кој се наоѓа во Автокоманда, со што, како што рекол, ќе се направи промоција на светско ниво на општината и Република Македонија.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели