ФРОДЕМ побара 19 држави да ја признаат Македонија

ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија во соработка со проф д-р Игор Јанев испратиле мејлови и писма до шефовите на  19 држави во светот како и до нивните дипломатски мисии при ОН кои се уште немаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија, соопшти лидерот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски.
Целта на барањата на ФРОДЕМ и на проф. Јанев, според Кеконвски, е да се заокружи процесот на признавање и воспоставување дипломатски односи со сите држави во светот, членки на ООН.
Барање за воспоставување дипломатски односи е упатено до: 1. Република Грузија, 2. Република Тунис, 3. Република Либан, 4. Република Мали, 5. Република Јужен Судан, 6. Република Сан Марино, 7. Бахамските острови, 8. Барбадос, 9. Гренада, 10.Палетина, 11. Тринидад и Тобаго, 12. Кук островите, 13. Република Кирибати, 14. Ниуе, 15. Република Палау, 16.  Папуа Нова Гвинеа, 17. Соломонските Острови, 18. Кралство Тонга и 19. Сент Китс и Невис.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели