ФОТО+ВИДЕО: Тешка сообраќајна несреќа во Битола

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на излезот од Битола во која учествуваа едно патничко моторно возило и комбе.

Според првичните информации до кои дојде ТВ Орбис, патничкото моторно возило се обидело да го престигне комбето, по што завршило надвор од коловозот.

Според неофицијалните информации кои ги добивме ПМВ се движело со бризина од 150km/h и возачот бил во пијана состојба.

Моментално патниот правец за излез од Битола е затворен, на терен се врши увид, а според информациите кои ги добивме нема повредени патници.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели