(Фото) Се бориме за здрава природа за нашите деца, порачаа учесниците на протестот против рудниците

„Се бориме за здрава природа за нашите деца. Даваме поддршка за протестот во Валандово. Владата да не ги бутка работите на сила. Не се само парите во прашање, се бориме за животот“, порачаа учесниците на денешниот протест пред Владата против изградбата на рудниците Казандол, Иловица и Боров Дол.
Во исто време се одржува протестен марш и во Валандово, по што ќе следи конференција на граѓаните.
„Во склоп на овој масовен собир на граѓаните од Југоистокот, во 15 часот ќе започне ‘Конференција на граѓаните против рудниците на смртта’ каде ќе може да слушнеме слични искуства од стопирање рудници од пријатели од Романија, како и од пријатели од соседна Грција и Бугарија. Исто така, ќе имаме простор за дискусија на тема ‘Што од овие искуства ние како граѓани на Југоистокот на Македонија можеме да искористиме во нашата борба против рудниците на смртта?”. Конференцијата ќе се одржи во Валандово“, велат од здружението „Спас за Валандово“.

 
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели