(ФОТО) Актерката од Карасевда невеста – ова е нејзиниот сопруг

Приказната за животот на Зејнеп од турската серија „Карасевда“ не е многу поразличен и во реалноста, барем кога станува збор за актерството.

Иако по професија е дипломиран биолог, таа случајно влегува во филмската индустрија во Турција.

Нејзиното име е Хазал Филиз Кучукосе и е родена во 1988 година, а неколку години по завршувањето на високото образование, еден филмски режисер случајно ја забележува на социјалните мрежи и и нуди да почне да учи глума.

По неколкумесечни актерски подготовки на курс, таа активно добива улоги во серии, од кои денес има снимено десетина.

Ја нарекуваат турската Кетрин Зета Џонс, а веруваме ќе се сложите во тоа откако ќе ги погледнете нејзините приватни фотографии на кои е доста поразлична од онаа Зејнеп која ја запознавме во серијата.

Актерката која ја гледаме во хит серијата Карасевда, Зејнеп, како невеста во реалноста. Ова е нејзиниот избраник.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели