Фетаи: „Бомбите“ треба да бидат прифатени како доказ за набавката на „Мерцедесот“

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи на седницата на Апелациониот суд побара судиите да не го прифатат предлогот на адвокатите на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и заменик министерот, Ѓоко Поповски, осумте бомби кои служат како доказ во постапката за набавка на „Мерцедесот“ да бидат отфрлени. Фетаи побара бомбите да се слушаат во судницата како доказ против Јанкулоска и Груевски.

– Бомбите се прибавени законски, а се креирани незаконски. Од нив најдиректно произлегува како обвинетите го сториле кривичното дело, рече Фетаи.
Адвокатот на Јанкулоска, Боро Тасевски рече дека по кажувањата на СЈО излегува дека поранешната министерка за внатрешни работи самата себе се прислушувала, односно дека самата креирала докази против себе.
– Ми се крева косата на главата ако утре треба да бранам обични 20 илјади граѓани кои биле прислушувани, вели Тасевски.
Адвокатката Сања Алексиќ, побара судиите да не ги земаат предвид претходните одлуки на Апелација која одлучи бомбите да бидат доказ во постапката. Според неа, тие не биле извор на право, туку само Уставот и Законите.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели