Фатен прилепчанец кој посредувал визи за Канада – им барал од 2.000 до 3.000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д. М. (36)  од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2017 година пријавениот посредувал за издавање визи за работа во Канада со одреден аванс, а за извршената услуга требало да му исплатат, по завршувањето на постапката за апликација за виза, од 2.000 до 3.000 евра. Со ваквите активности биле оштетни повеќе лица.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели