Европа се бори со дожд и ветер, САД пак со снег и поларен студ

Бурата Елеонора направи хаос и одзеде три животи во Западна Европа. Два смртни случаи се регистрани  во Шпанија и еден во Франција. Поројните дождови и ветровите со брзина од 160 км на час предизвикаа поплави, прекини во патниот и воздушниот сообракај и оставија голем број домаќинства без електрична енергија во Ангилија, Ирска, Швајцарија,, Германија, Холандија, Франција и Шпанија. Соединетите држави пак се борат со обилни снежни врнежи поларни температури. Во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина пријавени се снежни врнежи какви не се регистрани таму во последните 30 години.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели