ЕУ ќе финансира осум проекти за поддршка на реформи од Поглавјето 20

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork +)“ финансиран од ЕУ денеска во Скопје ќе се одржи Инфо ден за повик за доделување грантови на граѓански организации.
За реализација на проектите се предвидени средства во висина од 3.688.866 денари, или 60 000 евра. Максималниот износ за грант спроведуван на локално ниво изнесува 307.405 денари, а за грант спроведуван на национално ниво изнесува 614.811 денари.
Најмалку 8 проекти ќе бидат поддржани и тоа четири на локално ниво и четири на национално ниво.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели