Експлодира иранскиот танкер со нафта

Експлодира иранскиот танкер со нафта, кој пред неколку денови беше оштетен во судир со кинески товарен брод, соопшти денеска кинеското Министерство за транспорт.

Спасувачките бродови биле принудени да се повлечат на безбедно растојание.

Иранската компанија, чиј танкер се запали по судирот во саботата во Источното Кинеско Море, соопшти дека се уште постои надеж дека ќе бидат пронајдени преживеани лица меѓу 31-члениот екипаж, кои и понатаму се водат како исчезнати. Едно лице е пронајдено мртво.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели