Египетскиот имам ќе се врати во џамијата на Синај да ја заврши својата проповед

Младиот египетски имам, кој го преживеа нападот над Синајската џамија во којшто загинаа 305 лица, вети од болничкиот кревет, дека ќе се врати да ја доврши проповедта.
Дваесет и шестгодишниот Мохамед Абдел Фатах, ја извршуваше петочната проповед во џамијата во Северен Синај, кога избувна експлозијата.
„Минаа две минути од почетокот на проповедта, кога слушнав две експлозии надвор од џамијата и тогаш сите започнаа да бегаат. Потоа напаѓачите влегоа во џамијата и започнаа да пукаат кон секој што стоеше пред нив”, откри проповедникот од болничкиот кревет.
„Ако ме послужи здравјето, ќе се вратам следниот петок и ќе ја завршам мојата проповед”, ​​вети имамот.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели