Египетска војска: Ги уништивме сите возила што ги користеа терористите во нападот

Прес-секретарот на египетската армија, Тамер ел Рефај, изјави дека авиони од армијата на земјата ги уништиле возилата што беа користени за време на нападот врз џамијата во Синај, како и објектите на терористите, каде тие ги складирале своето оружје и муниција.
„Авионите уништија неколку возила кои се користеа за време на нападот“, изјави Ел Рефај.
Возилата се наоѓале во близина на местото на вчерашниот напад на џамијата.
За сега ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели