Едмонд Темелко излегува од затворот – доби куќен притвор

Кривичниот суд му го укинал притворот на Едмонд Темелко и му определил мерка куќен притвор. Како што потврдуваат од Кривичниот суд, решението на кривичниот совет кој постапувал по барање на одбраната на Темелко е донесено вчера. Кога тој ќе може да го напушти притворското одделение зависи од процедурата за прием на решението и негово спроведување.
Инаку Темелко беше притворен пред два емсеци на барање на специјалното јавно обвинителство бидејќи тој е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“ а не ја почитувал мерката на претпазливост која му беше определена забрана за напуштање на државата. Во случајот „Титаник“ на СЈО се гонат и ексминистри и политичари, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели