Еден загинат, двајца повредени откако возило удрило во метален столб во Струмица

Автомобил „Волксфаген шаран“ со струмички регистарски ознаки удрил во бетонски столб и метална врата по што со тешки телесни повреди се здобил совозачот, кој подлегнал на повредите на пат кон Медицинскиот центар во Струмица.
Синоќа во 20 часот, возилото управувано од П.А. (32) од Струмица, поради неприлагодена брзина кон условите на патот удрило во бетонски столб и метална врата од дворот на поранешен објект на Македонска радио дифузија. Во несреќата со повреди се здобил сопатникот М.М. (35) од Струмица, кој што подлегнал на повредите на пат кон Медицинскиот центар.
Со телесни повреди се здобиле и возачот П.А. и другиот сопатник Р.А., кои исто така биле пренесени и задржани на лекување во Медицинскиот центар Струмица.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели