Еден убиен и еден повреден во престрелка во Чаир

Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што се случуваше синоќа во Чаир.
Според информациите од терен, во жртвите било пукано од автоматско оружје, а за случајот сѐ уште не е приведен никој.
Настаните се одвиваа на улицата „Лазо Трповски“, при што загина И.А.(35) додека Ќ.Л (52) синоќа беше префрлен во Градската болница.
Неофицијално, се работи за престрелка на две групи, поради нерасчистени сметки за трговија со дрога.
МВР работат на расчистување на случајот.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели