ДУИ: Владеачкото мнозинство во собранието е стабилно

Владејачкото мнозинство е стабилно и засега без промени, но има простор да се проширува со нов број на пратеници бидејќи тоа би било во интерес на граѓаните. Ова е оценката на СДСМ И ДУИ за можните превирања и пренос на пратеници од опозицијата на контото на владејачкото мнозинство по локалните избори и односите со Алијансата на Алабнците. Од пратеничката група на СДСМ  велат дека засега нема најави за нови пратеници кај нив.
ТОНСКО АРТАН ГРУБИ, ПРАТЕНИК ДУК: Претседателот на ДУИ Али Ајмети и претседателот на Владата Зоран Заев се во секојдневна комуникација околу функционирањето на владејачкото мнозинство. Владата опстојува. Пратеничкото мнозинство е повеќе од стабилно.
Двете најголеми владејачки партии се согласни да има пет заемници на Талат Џафери што е за двајца повеќе од досегашната пракса. SDSM смета дека нивното предизборно ветување дека нема да го прошируваат бројот на функционери за да заштедат во буџетот не е прекршено.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета, пак дека пет потпретседатели и пет заменици на генералниот секретар се преголем трошок. Тие, како што брифираа, нема да предложат свој кандидат бидејќи  не го признаваат неговиот избор како претседател, иако законски еден од потпретседателите припаѓа на најголемата опозициска партија.
Потпретседател очекуваат и од БЕСА согласно претходен политички договор дека сите поголеми политички партии треба да имаат свој кандидат. Парламентот прв пат работи без потпретседатели вака долг период.
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for ДУИ: Владеачкото мнозинство во собранието е стабилно Категорија: МакедонијаНовинар: Катерина Нешкова

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели