Другарувањето на слатко бебе и плашливо посвоено куче кое било малтретирано ќе ве разнежи

Неодоливо дуо плени на Instagram. Фотографиите од 11-месечното бебе Арчи и посвоеното куче Нора, кое било малтретирано од претходните сопственици, се хит на социјалната мрежа.

Елизабет, мајката на Арчи, вели дека во Нора препознала потенцијал за прекрасно семејно милениче, и покрај тоа што кучето било премногу плашливо поради трауматичното искуство со луѓето. Иако Елизабет има уште две други деца, Нора најдлабоко се поврзала со малиот Арчи. „Таа доаѓа од околина во која била малтретирана и се плаши речиси од сè. Но не од Арчи. Таа апсолутно го обожава него“ – објаснува Елизабет и додава дека Нора го следи Арчи насекаде, прави сѐ што тој прави и го штити.

Арчи и НораАрчи и НораАрчи и НораАрчи и НораАрчи и НораАрчи и НораАрчи и НораАрчи и НораАрчи и НораАрчи и Нора

Семејството на Арчи има спасено и две други кучиња и три мачки. „Ги научивме децата од најрана возраст да ги почитуваат кучињата и да се однесуваат добро со нив. Кучињата им веруваат на децата, многу ги сакаат и удобно им е да се дружат со нив на секаков начин“ – вели Елизабет. Таа се шегува дека кај нив дома е секогаш забавно и раздвижено. „Во кој било дел од денот, можно е да најдеш куп од деца, мачки и(ли) кучиња кои лежат некаде во куќата“ – раскажува таа.

Извор – http://www.femina.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели