Драма на небото: Оштетен авион мораше принудно да слета

Патнички авион со 160 патници и членови на екипажот принудно слета во литванската престолнина Вилнус, поради детектирани оштетувања на леталото.
Авионот на компанијата „Гетџет“ полетал од Вилнус кон египетската туристичка дестинација Хургада, но морал да се врати назад.
„Авионот безбебдно слета во Вилнус, сѐ е во ред“, соопшти службата за информации на аеродромот.
Претходно беше соопштено дека авионот ќе се врати назад, поради оштетувања на леталото.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели