ДОМ избрана за полнoправна членка во семејството на европските зелени партии

На денешната завршна сесија на собранието на Европските Зелени што се одржа во Карлштад, Шведска, Демократската Обнова на Македонија беше избрана за полноправна членка, информираат од партијата.
„Со ова ДОМ го заокружи својот развоен пат како зелена партија од Република Македонија и успеа дел од нашето општество да внесе во Европа. “Ова е големо признание и придобивка за партијата, да може рамо до рамо со останатите зелени партии да се бори за напредок на демократијата, човековите права, социјалната правда, како и за заштита на животната средина и борба со климатските промени за спас на Планетата Земја“, стои во соопштението што го испрати ДОМ.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели