Докторите предупредуваат, електронските цигари може да доведат до срцеви заболувања

Иако веќе со месеци се шпекулира за влијанието од електронските цигари врз нашето здравје, сега и резултати од нови истражувања покажале дека електорнските цигари кои содржат никотин предизвикуваат висок притисок, го забрзуваат чукањето на срцето и доведуваат до срцеви заболувања.

Додека едни кажуваат дека електронските цигари се поздрави од обичните, овие истражувања ги фрлаат под сенка тие тврдења. Всушност, резултатите од истражувањата на Институтот во Стокхолм покажале дека оние кои пушат електронски цигари со никотин имаат три пати повеќе шанси да заболат од вкочанетост на артериите.

Шведските научници предупредуваат дека е-цигарите влијаат врз циркулацијата, а на артериите им е потешко да пумпаат крв низ телото, што автоматски го зголемува ризикот за срцеви заболувања.

“Бројот на електронските цигари е зголемен во последните неколку години, а сите тврдат дека тие немаат никакво влијание врз здравјето. Тоа секогаш било дискутабилно, сега конечно имаме доказ за штетата која можат да ја предизвикаат е-цигарите со никотин”.

Истражувањето било направено на 15 млади здрави волнетери кои имаат околу 26 години. Сите пушеле до 10 цигари месечно обично кога излегувале, а електорнска цигара немале пробано.

Во рамките на истражувањето тие користеле електорнска цигара – еден ден со никотин, а другиот ден без никотин.

“Моментално воочивме згрчување на артеријата кај испитаниците кои пушеле е-цигара со никотин. Иако тоа беше моменталната состојба, непрестанатото користење на овие цигари може да стане хронична состојба која ќе доведе до други влошувања”, вели д-р Лундбек.

извор:точка.мк

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели