Договорена соработка на градоначалникот и централните институции кои делуваат во Дебар

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, и претставниците на централните институции кои делуваат во Дебар денеска договорија секој први од месецот да имаат средба на која ќе се договара соработката на локалната власт и институциите.
Градоначалникот изјави дека соработката е во интерес за подобро живеење во Дебар. Според него на средбата со претставниците на полицијата, УЈП, инспекциските служби , судот и јавното обвинителство нагласено е дека поинтензивната соработка е во интерес како на локалната власт така и на централните институции сè со цел во градот да има целосно почитување на јавниот ред, сообракајот, трговската мрежа и другите сфери.
КМ

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели